Краток преглед на епидемиолошката состојба со мали сипаници во Северна Македонија
Во периодот од 23.03-29.03.2019, пријавени се вкупно 109 случаи на мали сипаници (лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска).
Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 49 случаи се од Скопје, при што 89,8% од нив се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Останатите 60 заболени се од 11 други градови во Северна Македонија и тоа:
- од Куманово и од Струга пријавени се 30 случаи (по 15 случаи), од нив 90% се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус соодветно;
- од Тетово и Дебар – по 7 случаи, од Тетово 6 се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус, а од Дебар 1 невакциниран, 1 со непознат вакцинален статус;
- од Гостивар се 6 случаи, од нив 5 се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус;
- од Кичево се пријавени 4 случаи, 2 од нив се невакцинирани и непотполно вакцинирани;
- од Велес – 2 случаи, еден невакциниран и еден непотполно вакциниран;
- по еден нов случај е пријавен и од Штип (непознат вакцинален статус), од Охрид (непотполно вакциниран), од Радовиш (невакциниран) и од Прилеп (комплетно вакциниран).
Вкупно, од почетокот на епидемијата во Скопје во декември 2018 заклучно со 29.03.2019, во Република Северна Македонија се регистрирани 767 случаи на мали сипаници, од нив 575 се епидемиолошки поврзани и пријавени во епидемијата во Скопје.
Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 20 градови од Македонија, од нив 521 случаи од Скопје, 63 се од Тетово, 61 од Куманово, 27 од Струга, по 18 случаи има во Гевгелија и Дебар, 15 се од Гостивар, 12 од Велес, 11 од Кичево, по 4 од Кочани и од Штип а во останатите 9 градови се регистрираат спорадични случаи. Највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Струга (97,3/100.00), Скопје (84,4/100.000), Дебар (64,9/100.000), Куманово (42,8/100.00) и Гевгелија (41,8/100.000)
Во текот на оваа недела епидемија од мали сипаници пријави и ЦЈЗ Битола – ПЕ Кичево и ЦЈЗ Охрид – ПЕ Струга, со што активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони (Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга).
Најголем број на случаите се од возрасната група над 30 години, 305 или 39,8% од вкупниот број. Висок процент на заболени се регистрира и кај возрасната група од 0-4 години со 37,9% од вкупниот број на заболени (n=291).
Од вкупно 150 заболени деца на возраст од 1-4 години, 137 или 91,3% се невакцинирани или со непознат вакцинален статус, а од 412 заболени кај лицата над 20 годишна возраст, 69,2% (n=285) се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Од вкупно регистрираните 767 случаи на мали сипаници, најголем број и процент – 369 или 48,1% се лабораториски потврдени, 193 или 25,2% се епидемиолошки поврзани, додека 205 случаи (26,7%) се со клиничка слика на мали сипаници.
Од почетокот на епидемијата, во Скопје, вкупниот број на вакцинирани лица до 14- годишна возраст кои подлежат на вакцинација со прва или втора доза, изнесува 11.475 деца. Во останатиот дел од републиката, од почетокот на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица до 14-годишна возраст со прва или втора доза, изнесува 6.776 деца.
Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 18.251.
Сектор за контрола и превенција на заразни болести
ИЈЗ Скопје