rak koza 1

Можеш да го победиш ракот на кожата, битката започнува со тоа што знаеш дека си во опасност, и што треба да правиш во врска со тоа.

Немој да бидеш поразен поради негирање

 

Ракот на кожата е меѓу најчестите форми на рак во светот денес. Исто така лесно може да се спречи, и најголем број од случаите може да се лекуваат ако се откријат рано. Но, постои заеднички фактор што ги спречува луѓето да се заштитат од ракот на кожата и да побараат ран третман кој им е потребен: негирање.

Надминувањето на негирањето значи секогаш да бидеш заштитен од сонце, и да дејствуваш брзо кога ќе се посомневаш за рак на кожата. Ова упатство објаснува што треба да направиш за да го надминеш негирањето и да се заштитиш.

Спречи го ракот на кожата – Секогаш биди безбеден на сонце

 rak koza 2

Избегнувај непотребно исложување на сонце

Побарај сенка онаму каде што е можно, и избегнувај го летното сонце во средината на денот

rak koza 3 rak koza 4

Носи алишта кои те заштитуваат

Носи темни бои, долги ракави, шапка со широка периферија и очилата за сонце кои обезбедуваат 99-100 проценти заштита од УВ – А и УВ – Б зраци.

За децата, одбери облека што ќе ги заштитува од сонце.

rak koza 4

Нанеси крема за сончање со заштитен фактор

Провери дали твојата крема за сончање има висок заштитен фактор против УВ – А и УВ – Б зраците. Важно е да се знае дека дејството на кремата за сончање започнува половина час по нанесувањето и трае 2 до 3 часа.

Децата се со најголем ризик да добијат долгорочни здравствени проблеми поради небезбедно изложување на сонце. Играњето надвор е важно, но никогаш не треба да дозволиш твоето дете да добие изгореници од сонце.

 

Превод:

 

Оддел за здравствена промоција и следење на болести