Преку резолуцијата 47/196, усвоена на 22 декември 1992 година Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН), го прогласи 17 октомври за Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата и ги покани сите држави да го посветат денот на презентирање и промовирање соодветно и погодно за сиромаштијата во својата земја во контекст на конкретни активности во искоренување на сиромаштијата и бездомноста.

Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата се одржува секоја година на 17 октомври за да се обезбеди:

  • Можност да се признае напорот за борбата на луѓето што живеат во сиромаштија;
  • Шанса да се слушне нивниот проблем;
  • И момент да се признае дека сиромашните луѓе се првите кои се борат со и против соромаштијата.

Темата оваа година е: ״Градиме заедно напред: Ставање крај на постојаната сиромаштија, почитување на сите луѓе и почит кон нашата планета.״

Во текот на минатата година Ковид-19 пандемијата што го зафати светот резултираше со 3,7 милиони смртни случаи и го врати чекор назад деценискиот напредок во борбата против сиромаштијата и бездомништво. Според извештајот на Светска банка за предвидени влијанија на Ковид -19 врз сиромаштијата е дека меѓу 71 до 100 милиони луѓе се туркаат во сиромаштија како резултат на кризата. Мнозинството од новите екстремно сиромашни се наоѓаат во Јужна Азија и суб сахарските земји каде  стапките на сиромаштија поодамна се на високо ниво. Во 2021 овој број се очекува да се искачи помеѓу 143 и163 милиони.

Овие ״нови сиромашни״ ќе им се приклучат на 1,3 милијарди луѓе кои живеат во мултидимензионални услови и постојана сиромаштија. Влијанието на Ковид-19 е најтешко врз луѓето кои со генерации немаат еднаков пристап до јавните добра и услуги, квалитетна здравствена грижа и силна социјална заштита. Покрај тоа мерките  наметнати за  ограничување на ширење на пандемијата честопати дополнително ја туркаат во сиромаштија неформалната економија која им овозможува на многу луѓе во сиромаштија да преживеат.

Светска банка во мај годинава објави дека над 55.000 луѓе во Република Северна Македонија може да западнат во сиромаштија. Според нивните прогнози ќе се зголеми и бројот на сиромашни вработени за два до три пати. Сиромаштијата ќе се врати на нивото од пред 2017 година, па дури и од пред 2015 година.„Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 проценти во 2019 до околу 20-23 проценти во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Северна Македонија (во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали) би западнале во сиромаштија“, стои во извештајот на Светска банка.

Од Западен Балкан, во најлоша состојба се Македонија и Албанија. Најголемото годишно зголемување на бројот на невработени годинава е забележано во Албанија, и тоа за 25 проценти, а во Македонија, за 11 проценти.

Додека светот полека почнува да закрепнува од Ковид-19 и се враќа на вистинскиот пат со исполнување на Целите за одржлив развој, многумина зборуваат за ״подобро враќање назад״.

Но пораката од светските консултанти од Постојниот форум за екстремна сиромаштија, глобална мрежа на луѓе и организации што работат на намалување на сиромаштијата, спроведен од Меѓународниот комитет за 17 октомври, јасно стави до знаење дека луѓето што живеат во екстремна сиромаштија не сакаат враќање во минатото, ниту пак да се вратат на она што било порано. Тие не сакаат враќање на ендемските структурни недостатоци и нееднаквости. Наместо тоа, луѓето што живеат во сиромаштија предлагаат да напредуваат.

Градењето напред, значи трансформирање на односот со природата, укинување на дискриминирачките структури, што ги обесправуваат луѓето во сиромаштија и градење врз моралната и правната рамка на човековите права, што го става достоинството на луѓето во срцето на политиките и дејствување врз истите.

Градењето напред, значи луѓето кои живеат во сиромаштија да се активно охрабрени и поддржани да бидат во првите редови, ангажирајќи се во информирано и значајно учество во процесите на донесување на одлуки кои директно влијаат врз нивниот живот. За да напредуваме треба да дозволиме да се збогатиме со богатство на мудрост, како и  позитивна енергија и снаодливост, се она што го поседуваат луѓето кои живеат во сиромаштија и може да придонесе за нашите заедници, нашето општество.

 

Подготвено во:

Оддел за здравствена промоција и следење на болести