На 11 Април 2022 година, се одржа Отворен ден за споделување на активостите на проектот METROFOOD-PP, финансиран од Европската комисија, според програмата Horizon 2020 и договор за Грант 871073, со истражувачите, контролните лаборатории, индустријата и потрошувачите. Целта беше запознавање со можностите што ги нуди Истражувачката Инфраструктура METROFOOD-RI.

Чест и огромно задоволство ни беше и присуството на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. С. Македонија, г-н Љупчо Николовски кој ни ја даде целосната подршка #МЗШВ, како од негова страна така и од министерството. Поздравен говор одржа и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ истакнувајќи ја важноста да се биде дел од оваа инфраструктура за промоција на квалитетот и безбедноста на храната. Свое излагање за достигнувањата на проектот имаше м-р спец Анита Најденкоска, национален координатор на проектот. Потоа, беа презентирани и Лабораториите на METROFOOD-MK од м-р спец. Анита Најденкоска за Институтот за јавно здравје и проф.    д-р Ленче Велкоска-Марковска за Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

Настанот се одржа хибридно со лично присуство во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна и on-line преку Zoom видео конференциска платформа со вкупно 70 учесници од академија, индустрија, контролни лаборатории, студенти и потрошувачи. #metrofood

слика за веб