Стручниот тим на Институтот за јавно здравје на РМ на барање од екипата на 360 степени која се емитува на Алсат, во интерес на здравјето на населението направи исклучок и учествуваше во реализирање на прилогот Малите валкани тајни на нашите раце.
Беа земени примероци од предмети кои што секојднево се употребуваат: тастатура, мобилен телефон, далечински управувач, рачка од врата, банкнота. Примероците ги испитаа во акредитираните лаборатории.
Што покажаа резултатите од испитаните примероци, благодарејќи на соработката меѓу медиумот и Институтот за јавно здравје е документирано тука 360° Малите валкани тајни на нашите раце
Пораката на превентивците е дека хигиената на рацете е клучна во превенцијата.
Извор: 360°, Aлсат ТВ 14.03.2017,
спец. д-р Дугаѓин Османи, спец.микробиолог, Институт за јавно здравје спец. д-р. Билјана Какараскоска, спец. микробиолог, м-р по јавно здравство, Институт за јавно здравје лаб. техничар Маре Калачоска, Институт за јавно здравје