На 16.3.2022 се одржа состанок, за операционализирање на Центарот за дејствување во услови на јавно-здравствени вонредни ситуации на кој присуствуваат претставници од Институтот за јавно здравје (доц. д-р Шабан Мемети, прим. д-р Жарко Караџовски, прим. д-р Гордана Кузмановска, спец. д-р Кристина Ставридис, асс. д-р Драган Кочински и д-р. Енкела Положани, како и претставници од Министерството за здравство и Канцеларијата на СЗО Скопје.

Заложбата на ИЈЗ е овој Центар да биде под негово покровителство, како и непосредно да раководи со истиот, бидејќи токму ИЈЗ ја извршува епидемиолошката дејност за надзор и превенција над заразните заболувања.

Состанокот, односно Тркалезната маса се одржа со цел да се избере модел за институционално „позиционирање“ на ЦДЈЗВС и да се одлучи со кој правен акт да се даде овластување за формирање и работа на овој Центар.

Притоа, се разгледуваа следните теми:

  • Постоење и дејствување на Центарот во услови на јавно-здравствени вонредни ситуации;
  • Навремено следење на настаните од ЈЗ карактер низ земјата во реално време;
  • Воспоставување на добра координација и соработка помеѓу МЗ, ЦЈЗ, ИЈЗ за време на итни состојби, епидемии и други здравствени инциденти
  • Критична улога во националната подготвеност и одговор на итни состојби од јавно-здравствен карактер и подготовка за идни здравствени итни одговори – 24/7, 365 дена годишно.
  • Создавање на правна рамка за функционирање на Центарот преку промена на акти, закони и услови за функционирање, простор, опрема, кадар, буџет и финансирање итн.

Оперативен центар за јавно-здравствени вонредни ситуации (Public Health Emergency Operations Centre-PHEOC) е физичка локација за координација на информации и ресурси за поддршка на активностите за управување со инциденти.  Искуството покажува дека навремената имплементација на PHEOC обезбедува суштинска платформа за управување со итни случаи во јавното здравје и може да помогне да се избегнат вообичаени пропусти како што се недостаток на јасно раководство, што доведува до одложено одлучување, лошо управување со ресурсите или лоша координација.

Инаку, Центарот за дејствување во услови на јавно-здравствени вонредни ситуации се отвори на 6 август 2020, со поддршка од СЗО и УСАИД, а причина беше КОВИД-19.

275912508_3019591841625642_3564224071537591539_n

275988931_3019591764958983_8309840750502988255_n

276039419_3019591741625652_6887894118376779370_n