Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, на 10 Ноември 2022 година, одржа работилница на тема “Откажување од пушење”. Работилницата е дел од задачите и активностите според Програмата “Здравје за сите” за 2022 година. Учесници на работилницата беа претставници од Одделите за социјална медицина при 10-те Центри за јавно здравје низ Републиката и претставници од Институтот за јавно здравје на РСМ.
Целта на работилницата беше да се прикажат новините во областа на употреба на тутун во Република Северна Македонија и да се направи увид во работата на Советувалиштата за откажување од пушење кои се наоѓаат во 10-те Центри за јавно здравје, како и да се поттикне дискусија за начинот на нивното понатамошно работење и привлекување на повеќе пациенти кои што би дошле на советување.
Презентација имаа:
Проф.д-р Елена Ќосевска на тема: Извештај од анализа на причини за неоткажување од пушење,
Д-р Мартин Петровски на тема: Кампањи по друштвени мрежи за откажување од пушење,
Д-р Александар Кардашевски на тема: Влијание на пушењето врз оралното здравје,
Др.сци. Сања Прошева на тема: Откажување од пушење со помош на Советувалиштата за откажување од пушење.
Сите заедно се договорија за понатамошните чекори на работа, промоција на Советувалиштата за откажување од пушење и начинот на работата.