Почитувани,

Институт за јавно здравје на Република Македонија, по повод Светскиот ден без тутун – 31 мај, ќе одржи конференција за медиуми на 30.05.2017 г. (вторник) во 11 часот во просториите на Институт за јавно здравје (горна сала).

Оваа година, Светскиот ден без тутун е посветен на потребата од превенција на болести кои се последица на употреба на тутун, а мотото е “Тутун – закана за развој!”.

Претставници на Министерството за здрaвство и Институтот за јавно здравје на РМ ќе информираат за активностите по повод Светскиот ден без тутун, и ќе презентираат статистички податоци за застапеноста на употребата на тутун во светот и во Р.Македонија.

Со почит,

Институт за јавно здравје