Врз основа на јавниот повик од Министерството за економија за субвенционирање на приватни претпријатија за тренинг на НАССР тим за воведување, одржување и модификација на НАССР систем Ве известуваме дека Институтот за јавно здравје со своите расположливи хумани ресурси ви стои на располагање во однос на спроведувањето на тренингот за НАССР.
Со оглед на фактот дека веќе имаме воспоставено деловна соработка на полето на контрола на безбедноста на вашите прехранбени производи, таа соработка можеме да ја надградиме со тренинг за НАССР тимот кој постои во вашата компанија, согласно вашите потреби. Во Институтот постои стручен тим сертифициран за изведување на овој вид тренинзи, кој има публикувано прирачник за имплементација на НАССР системот на македонски и албански јазик.
МНОГУ ВАЖНО: финансиските средства кои ќе ги дадете за тренингот за воведување и одржување на НАССР системот можете да ги повратите од Министерството за економија со апликација за субвенционирање на приватни прептрпијатија за тренинг за НАССР.
За дополнителни информации околу организацијата на тренингот обратете се на
д-р Гордана Ристовска, началник на одделение за здравствена безбедност на храната на тел. 3125 044 или моб. 070 265 774
Ви благодариме на соработката