risk-communication-workshop-2022

 

Од 13-14 септември 2022 година во Стокхолм, Шведска, се одржа дводневна работилница за обука за комуникација со ризик, организирана од Европскиот центар за контрола и превенција на заразни болести (ECDC), со предавачи од светски рамки: ECDC, Министерство за здравство на Италија, Шпанија, Институт за здравство Финска, Универзитети од Данска, Белгија, Америка, Евроазиска фондација.

Од 2020 година, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) спроведува Иницијатива на ЕУ за здравствена безбедност, која има за цел да воспостави регионални капацитети и компетентни лица за превенција и контрола на предизвиците што ги носат заразните болести, како и за интензивирање на регионалната соработка меѓу земјите.

На оваа работилница беа поканети и присуствуваа претставници од Институтот за јавно здравје на РСМ, спец. др Катерина Ќирковиќ Колевска, др Ина Трајковска, др Ардиан Прешова.

Општата цел на оваа работилница е да се истакнат и дискутираат пристапите за комуникација со ризик, користејќи ги новите предизвици од пандемијата COVID-19 и други примери, за да се истакне важноста и примената на истата, како еден аспект во успешното управување и справување со појавата на заразни болести.

Обуката е наменета за јавно-здравствените работници во националните јавно-здравствени институти и министерствата за здравство, кои активно работат како одговор на појавата на заразни болести и кои се обврзуваат, како еден чекор кон зајакнување на капацитетите во земјата, да го каскадираат знаењето стекнато од обуката во нивниот професионален амбиент.