Медитеранската Програма за Интервентна епидемиологија (The Mediterranean Programme for Intervention Epidemiology Training – MediPIET) е основана за да се зголеми здравствената сигурност во Средоземниот регион преку зајакнување на капацитетите за превенција и контрола на заразните болести. Главната цел на оваа на ова програма е воспоставувањето на една мрежа на експерти во областа на епидемиологијата, кои меѓусебно ќе ги споделат искуствата и најдобрите практики за мобилизација во случај на меѓугранични епидемии.

Во рамки на пројектот MediPIET на 20 Април 2015 во Париз се оддржа еден вонреден состанок на Форумот на Центрите за обука ( Training Center Forum-TCF).

На состанокот учествуваа  36 претставници од 17 земји од Средоземниот регион, Црно море, ECDC ( European center for Desease and Control) и екипата на MediPIET ( Институт за јавно здравје Carlos III и FIIAPP-Fundación Internacional y para Iberoamérica de Administración y Políticas Públicas).  Состанокот го водеше ас.др. Шабан Мемети, фокал поинт на MediPIET за Република Македонија, како и претседател на TCF избран преку анонимно гласање на првиот состанок на TCF организиран во Hamamet, во септември 2014 година.

Др. Шабан Мемети при отварање на првата сесија им посака добредојде на сите учесници и воедно објасни за неопходноста на овој тет – а  -тет состанок по неколкуте неуспешни обиди за негова реализација преку телеконференција. Др. Шабан Мемети потенцираше дека претставниците секоја од земјите кориснички (земјите од медитеранскиот регион и од регионот на Црно Море) имаат многу важна улога за успешноста и оддржливоста на овој пројект.

Др. Мемети го започна состанокот со еден краток збир на сите активности на TCF од првиот состанок во Тунис, септември 2014. Состанокот продолжи со дискусија околу поставувањето на целите на пројектот за 2015 година до првата конференција на MediPIET која ќе се одржи во Скопје во ноември 2015 година.

pariz 33

За остварување на целите се составија 3 работни групи, 2 тематски групи и 1 операциона група. За секоја од групите беше означен по еден лидер и еден репортер, кои ќе треба да состават еден акционен план за фреквенцијата на нивните состаноци.

Бидејќи подготвителната фаза на оваа програма се оствари под водство на ECDC, Др. Шабан Мемети даде предлог да во фазата на имплементација како наблудувачи бидат присутни и претставници од ЕCDC. Овој предлог беше примен позитивно од претставниците на ЕCDC на овој состанок.

MediPIET е доста ценета од страна на земјите од медитеранскиот регион и од земјите на регионот на Црно Море и овој состанок беше оценет како многу успешен.

Повеќе информации за MediPIET може да прочитате на интернет страната на www.medipiet.eu

pariz 2