Поблиску до ECDC – IPA3 соработка со ЕЦДЦ во иднина
Делегација во состав: Асс. Д-р Шабан Мемети, Директор на ИЈЗ, Прим. Д-р Благоја Алексоски, епидемиолог од Секторот за контрола и надзор над заразни заболувања, и Проф. Милена Петровска, национален фокал поинт за микробиологија, ECDC Македонија, учествуваше во Стокхолм, Шведска од 23-24 октомври 2014 година, на Координативниот состанок со ECDC координаторите на земјите кандидатки за членство во ЕУ (земјите кандидатки за проширување).
На стручниот состанок учествуваа сите земји кандидати за влез во ЕУ, со околу 20 учесници. Нашата делегација учествуваше во работната група поврзана со: Рефлексија од земјите и согледување на вредности, предизвици за идно одржување на набљудувачката функција на ECDC NMFP Форумот (Reflection from countries on perceived value, challenges and future maintaining observer function to ECDC NMFP forum).
Овој состанок претставува продолжение на активностите на ECDC и е вообичаен работен состанок меѓу претставниците на ECDC и националните лица одговорни за соработка со ECDC, согласно сегашниот ECDC IPA3 дел од проектот за имплементација и соработка.
Цел на состанокот беше да се согледаат изминатите резултати поврзани со превземените активности со земјите кандидати за членство.
Исходот на овој дводневен состанок беше да се договори патоказ за идна техничка соработка меѓу ECDC и земјите кандидати за проширување, врз основа на минати активности, идентификување на недостатоците и потребите во техничка област за контрола и надзор над заразните заболувања во регионот.
- Клучни пораки од состанокот беа да се разгледаат насоките за понатамошна соработка меѓу ECDC и земјите кандидати;
- Разгледување на достигнувањата и евалуација на блиската соработка со контролорите на ECDC на националните микробиолошки контакт лица;
- Подготвеност за справување со Вирусни хеморагични Трески, кои се рефлектираат на новото законодавство на ЕУ (Одлука бр. 1082/2013/ЕУ).
- Вклучување на земјите кандидати во следните активности на ECDC .