ijz

 

На 25 август 2022 година , во просториите на Инститотот за јавно здравје, се одржа состанок меѓу Директорот доц. д-р Шабан Мемети, вработени во ИЈЗ и претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

ИЈЗ во изминатиов период имаше плодна соработка со МААЕ, како и неколку досега успешно завршени проекти во рамките на Одделот за радијациона заштита.

ИЈЗ е водечка институција која беше активно вклучена во управувањето со КОВИД пандемијата на национално ниво, а исто така претставува и водечки институција која координира и врши тестирање на КОВИД. Во овие околности се презедоа и одредени активности за реновирање на просториите на институцијата, обезбедувајќи подобрена работна средина.

Во моментов, од голем интерес е  тековниот проект МАК 5009 за зајакнување на капацитетите на лабораториите за детекција на загадувачи во храната и безбедност на храната во нашата земја.

Благодарение на помошта на МААЕ, ИЈЗ доби донација – софистицирана опрема, течен хроматограф со детектор за маса, кој е прв од ваков вид во нашата институција. Инструментот е веќе поставен во наменска лабораторија, која е реновирана и приспособена според барањата на спецификацијата. Се очекува да биде испорачана дополнителна опрема и потрошен материјал и потоа ќе се продолжи со обука на персоналот. Сето ова ќе му овозможи на Институтот да врши понапредни анализи во насока на безбедноста и квалитетот на храната.