СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 03-09.05.2021
Тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, просечно 7,5%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37,0%), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница (Табела 1, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 03-09.05.2021, Р.С Македонија
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4%), 50-59 (n=208; 16,0%), 30-39 (n=176; 13,5%) и 20-29 (n=106; 8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,0%) и 10-19 години (n=53; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 692 (53,1%) лица од женски и 612 (56,9%) од машки пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 09.05.2021, пријавени се вкупно 154.051 случај на COVID-19 (I=7.445,1/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Битола, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид, Кавадарци и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево, Струга, Радовиш и Прилеп (Табела 1).
Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 09.05.2021
Се забележува намалување во сите градови во државата. Најзабележително намалување има во Дојрам, Валандово и Гевгелија. R0 се движи од 0,47 (Дојран) до 1,25 (Валандово и Крива Паланка) (Табела 1).
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 11.934,7 на 100.000 жители, Неготино (11.212,6/100.000) и Скопје (11.006,5/100.000), а најниска инциденца со 3.124,6 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонска Каменица (Табела 1, Картограм 2).
Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 77.236 машки и 76.815 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 7.451,5/100.000, а кај женските 7.438,6/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 46,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 39.515 (25,7%) каде што се регистрира и највисок специфичен морбидитет од 10.309,5/100.000. Најнизок специфичен морбидитет од 1.288,4 и 2.713,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.949 и 6.790 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=154.051)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.513) е регистриран на 30.03.2021.
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.932) е регистриран на 13-та недела во 2021 година (Графикон 2). По 13-тата недела, 5 последователни недели се забележува континуирано намалување на бројот на заболени.
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 02.05.2021 (n=154.051)
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клиника за детски болести, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија, ОРЛ, Пластична хирургија, Кардиологија, Трауматологија и КАРИЛ, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ и Институтот за физикална терапија и рехабилитација, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 1.124 лица (намалување од 30,2%), а од нив 620 се на кислородна поддршка и 25 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19.
Заклучно со 09.05.2021, аплицирани се 20.688 дози на Pfizer/Biontech (16.754 со прва доза и 3.934 со втора доза), 41.735 дози на Sputnik V (22.822 со прва доза и 18.913 со втора доза), 22.270 дози на AstraZeneca и 46.185 дози Sinopharm.
Заклучно со 09.05.2021 вакцинирани се вкупно 108.031 лице со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 22.847 лица.
Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 04.01.2021.
Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Регистрирани се 5.109 смртни случаи (Лт = 3,3%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 08.04.2021 година (n=49), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (n=294) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=4.188) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.092,6/100.000 жители. Регистрирани се 3.179 смртни случаи кај лица од машки и 1.930 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 3.786 (74,1% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.022), дијабет (n=1.282) и белодробна болест (n=568). Регистрирани се 5 смртни случаи кај бремени жени и 30 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 255 (5,0%) починале во вонболнички услови, а 4.854 (95,0%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 3. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според недела на смрт, до 09.05.2021 (n=5.109)
Од 15.02.2020-09.05.2021 тестирани се вкупно 741.021 материјали (детектирани 154.051 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите/здравствените установи во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2).
Со ова во Р. С. Македонија се направени 358.124 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=741.021)*
*9 случаи се тестирани во лаборатории во странство
Според исходот од заболувањето, 10.572 лица (6,9%) се активни случаи, 138.370 случај (89,8%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 3, Графикон 4). Од случаите кои се водат како оздравени, 6.415 (4,6%) биле хоспитализирани додека останатите 131.955 (95,4%) биле на домашно лекување.
Графикон 4. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 09.05.2021 (n=154.051)
Табела 3. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=154.051)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 4906 | 61387 | 1688 | 67981 |
Куманово | 866 | 7530 | 323 | 8719 |
Прилеп | 412 | 7420 | 411 | 8243 |
Тетово | 436 | 6440 | 294 | 7170 |
Битола | 672 | 5275 | 282 | 6229 |
Велес | 362 | 4914 | 170 | 5446 |
Гостивар | 275 | 4642 | 227 | 5144 |
Кавадарци | 212 | 4776 | 148 | 5136 |
Охрид | 374 | 4368 | 219 | 4961 |
Штип | 224 | 4574 | 139 | 4937 |
Струмица | 186 | 3697 | 195 | 4078 |
Струга | 124 | 2652 | 187 | 2963 |
Кочани | 136 | 2509 | 111 | 2756 |
Кичево | 229 | 2183 | 102 | 2514 |
Гевгелија | 157 | 1961 | 67 | 2185 |
Неготино | 128 | 1988 | 57 | 2173 |
Свети Николе | 91 | 1392 | 30 | 1513 |
Ресен | 176 | 1014 | 34 | 1224 |
Крива Паланка | 43 | 1116 | 57 | 1216 |
Радовиш | 87 | 970 | 57 | 1114 |
Берово | 26 | 960 | 39 | 1025 |
Делчево | 67 | 855 | 38 | 960 |
Дебар | 22 | 870 | 43 | 935 |
Виница | 112 | 712 | 34 | 858 |
Пробиштип | 22 | 732 | 29 | 783 |
Валандово | 16 | 628 | 20 | 664 |
Богданци | 36 | 449 | 9 | 494 |
Крушево | 71 | 387 | 32 | 490 |
Демир Капија | 15 | 370 | 11 | 396 |
Демир Хисар | 56 | 324 | 14 | 394 |
Кратово | 6 | 337 | 15 | 358 |
Македонски Брод | 1 | 342 | 13 | 356 |
Пехчево | 10 | 249 | 6 | 265 |
Македонска Каменица | 16 | 218 | 5 | 239 |
Дојран | 0 | 129 | 3 | 132 |
ВКУПНО | 10.572 | 138.370 | 5.109 | 154.051 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ
Репродукцискиот број на заразени од КОВИД19 (R0) во Р. С. Македонија изнесува 0,82 заклучно со 09.05.2021.
Графикон 5. Дневна инциденца на 100.000 жители и R0, COVID-19, Р.С.M, до 09.05.2021
Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:
- Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија со детектирани поединечни кластери), подниво 2, со соодветни капацитети за одговор.
За повеќе информации околу рестриктивните мерки може да се информирате на www.vlada.mk
Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво
На оваа проценета фаза и подниво, треба да се применат мерки за ограничување на бројот на социјални средби во заедницата, но и да се обезбеди работа на економските капацитети со воспоставени безбедносни мерки. Може да биде потребен поширок опсег на јавно-здравствени мерки за контрола на трансмисијата.
Покрај мерките за подготвеност и одговор и надзор на итни случаи, индивидуалните мерки на претпазливост и комуникација, јавно-здравствените власти можат да размислат за спроведување на следниве мерки:
- Образовните институции да бидат отворени со воспоставени мерки за спречување и контрола на инфекции.
- Економските капацитети да бидат отворени со воспоставени мерки за спречување и контрола на инфекции, со акцент на охрабрување на е-работа на сите оние кои имаат можност за истата.
- Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
- Ограничете ја големината на социјалните и другите масовни собири.
- Доколку е потребно, може да биде потребен понатамошен акцент на заштита на најранливите категории, преку строга примена на мерките за спречување и контрола на инфекции, засилен надзор и контрола на посети во установи за долготрајна нега и други здравствени објекти.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 04.05.2021
- Број на потврдени случаи на глобално ниво – 151.812.556 (5.705.981 во последни 7 дена,
идентично во споредба со претходна недела)
- Број на смртни случаи на глобално ниво – 3.186.817 (93.523 во последни 7 дена, 6% повеќе во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 6281.517 (1.330.513 во последни 7 дена, 5% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 1.517.981 (36.715 во последни 7 дена, 1% помалку во споредба со претходна недела)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 51.920.795 (1.166.859 во последни 7 дена, 22% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 1.084.814 (22.819 во последни 7 дена, 12% помалку во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 22.675.230 (2.709.582 во последни 7 дена, 19% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 220 (25.262 во последни 7 дена, 48% повеќе во споредба со претходна недела)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 9.147.412 (324.394 во последни 7 дена, 14% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 183.431 (6.461 во последни 7 дена, 1% повеќе во споредба со претходна недела)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 3.316.851 (42.090 во последни 7 дена, 15% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 82.870 (1.000 во последни 7 дена, 13% помалку во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 2.470.005 (132.543 во последни 7 дена, 1% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 37.488 (1.266 во последни 7 дена, 3% помалку во споредба со претходна недела)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
Скопје, 10.05.2021
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје
[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19