СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 09-15.11.2020
Тестирани се вкупно 20.980 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.355 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.305; 44,9%), со неделна инциденца – 535,1/100.000 (Табела 1, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 09-15.11.2020, Р.С. Македонија
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1646, 22,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 год (n=1496; 20,3%), 40-49 (n=1435; 19,5%), 50-59 (n=1410; 19,2%) и 20-29 (n=961; 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=120; 1,6%) и 10-19 години (n=287; 3,9%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.731 (50,7%) лица од машки и 3.624 (49,3%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.524 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 172 смртни случаи од 23 града, зголемување од 35,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и два случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 155 или 90,1%.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 15.11.2020, пријавени се вкупно 47.636 случаи на COVID-19 (I=2.302,2/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово, Куманово, Штип и Прилеп, додека највисок морталитет се регистрира во Струга и Прилеп. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи, највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 1).
Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 4174,8 на 100.000 жители, Скопје (3.374,6/100.000) и Свети Николе (3.232,3/100.000), инциденца под 1.000 заболени на 100.000 жители е регистрирана само на територијата на Радовиш и Крушево. (Табела 1, Картограм 2).
Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 24.400 машки и 23.236 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 2.354,0/100.000, додека кај женските 2.250,1/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 10.040 (21,1%) со инциденца од 2.619,4/100.000, а највисока специфична инциденца од 3.139,0/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (8.728 заболени). Најниска инциденца од 522,1 и 868,1 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.195 и 2.172 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=47.636)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.317) е регистриран на 10.11.2020.
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Минатата недела е регистриран најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.355) (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=47.636)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=32.927; 69,1%), 14,8% (n=4.870) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетските клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Гастроентерохепатологија и Нефрологија, Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Прилеп, Куманово, Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Велес, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина, моментално се хоспитализирани 1.178 лицa, а од нив 377 се на кислородна поддршка и 16 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (68,9%), малаксаност (41,5%), кашлица (39,8%), главоболка (19,4%), болка во грло (15,7%), мускулна болка (13,9%), треска (13,2%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,5%) и отежнато дишење (10,0%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=32.927; 69,1%), кај 7.656 или 23,3% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=32.927; 69,1%), пријавени се 250 (0,8%) случаи кај бремени жени, од кои 50 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 85 се асимптоматски случаи.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=32.927; 69,1%), регистрирани се 1.679 (5,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=32.927; 69,1%), кај 9.133 (27,7%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 6.384 лица имаат кардиоваскуларна болест, 2.373 дијабет, 1.237 се со хронична белодробна болест и 1.502 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 2.787 (57,2%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 1.338 смртни случаи (Лт = 2,8%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 11.11.2020 година (n=29), а според недела на пријавување во тек на 46-тата недела (n=150) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.011) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 263,8/100.000 жители. Регистрирани се 853 смртни случаи кај лица од машки и 485 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 931 (69,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=709), дијабет (n=340) и белодробна болест (n=154). Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и дванаесет смртни случаи кај здравствени работници. Седумдесет и осум (5,8%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 1.260 (94,2%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 3. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=1.338)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=32.927; 69,1%), 711 (2,2%) се импортирани, од нив 10 се детектирани на точка на влез. Вкупно 12.569 лица (38,2%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02-15.11.2020 тестирани се вкупно 293.872 материјали (детектирани 47.636 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 142.024 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=293.872)*
*8 лица се лабораториски потврдени во странство
Според исходот од заболувањето, 18.488 лица (38,8%) се активни случаи, 27.803 случаи (58,4%) се водат како оздравени (од нив 1.400 се здравствени работници и 207 бремени жени), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 2.942 (10,6%) биле хоспитализирани додека останатите 24.861/ (89,4%) биле на домашно лекување.
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=47.636)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 8607 | 11816 | 416 | 20843 |
Тетово | 1033 | 2012 | 137 | 3182 |
Куманово | 892 | 2102 | 109 | 3103 |
Штип | 509 | 1643 | 47 | 2199 |
Прилеп | 881 | 1204 | 96 | 2181 |
Гостивар | 605 | 1103 | 80 | 1788 |
Велес | 762 | 665 | 41 | 1469 |
Битола | 730 | 596 | 53 | 1380 |
Струмица | 637 | 697 | 45 | 1379 |
Охрид | 486 | 630 | 41 | 1157 |
Струга | 289 | 726 | 82 | 1097 |
Кочани | 320 | 692 | 19 | 1031 |
Кичево | 445 | 499 | 25 | 969 |
Кавадарци | 404 | 470 | 21 | 895 |
Свети Николе | 195 | 458 | 10 | 663 |
Гевгелија | 155 | 274 | 6 | 435 |
Дебар | 102 | 298 | 18 | 418 |
Ресен | 136 | 204 | 10 | 350 |
Радовиш | 129 | 200 | 16 | 345 |
Крива Паланка | 104 | 214 | 15 | 333 |
Неготино | 219 | 101 | 3 | 323 |
Пробиштип | 94 | 196 | 4 | 294 |
Виница | 133 | 149 | 5 | 287 |
Берово | 77 | 203 | 5 | 285 |
Делчево | 130 | 124 | 12 | 266 |
Демир Хисар | 69 | 77 | 2 | 148 |
Валандово | 49 | 92 | 1 | 142 |
Македонски Брод | 27 | 99 | 5 | 131 |
Кратово | 82 | 44 | 2 | 128 |
Богданци | 55 | 48 | 3 | 106 |
Македонска Каменица | 39 | 48 | 1 | 88 |
Пехчево | 26 | 59 | 2 | 87 |
Крушево | 39 | 25 | 6 | 70 |
Дојран | 11 | 20 | 32 | |
Демир Капија | 17 | 15 | 32 | |
ВКУПНО | 18488 | 27803 | 1338 | 47636 |
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=47.636)
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
Според категоризацијата на ризикот се проценува дека:
- Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 10.11.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 50.459.886
Број на смртни случаи на глобално ниво – 1.257.523
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 21.842.460
- Смртни случаи – 660.506
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 13.366.839
- Смртни случаи – 313.781
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 9.743.751
- Смртни случаи – 538
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 3.368.738
- Смртни случаи – 85.868
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.362.566
- Смртни случаи – 30.666
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 774.791
- Смртни случаи – 16.151
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало или имало контакт со потврден случај, да се упатува да се јави на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 17.11.2020
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје