СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 19-25.04.2021

Тестирани се вкупно 18.169 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 16,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.443 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 33,8% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 10,6 до 24,0%, просечно 18,0 %. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.228; 35,6%), со неделна инциденца–198,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 292,4/100.000 е регистрирана во Битола (Табела 1, Картограм1).

 

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 19-25.04.2021, Р.С Македонија

 Nedelna za 19-25.04

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.226, 35,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=640;18,6%), 40-49 (n=601;17,5%), 30-39 (n=525;15,2%) и 20-29 (n=274; 8,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=57; 1,7%) и 10-19 години (n=120; 3,5%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.

 

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.752 (50,8%) лица од женски и 1.691 (49,2%)

од машки пол.

Подобиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус “оздравени” се стекнале 6.122 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 3,4% во споредба со минатата недела.

 

Пријавени се 211 смртни случаи од 27 градови, 2,4% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 189 лицa биле над 60 години, 18 лица на возраст од 50-59 години и 4 лица од возрасната група од 40-49.

 

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 25.04.2021, пријавени се вкупно 150.672 случаи на COVID-19 (I=7.281,8/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 33 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово, Битола и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 25.04.2021

 t128.4

 

Во најголем дел од државата се регистрира намалување кога се анализираат двата двонеделни периоди. Зголемување се регистрира во Крушево, Демир Хисар и Пехчево.  (Табела 1). R0 се движи од 0,56 (Делчево) до 1,48 (Крушево).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 11.779,1 на 100.000 жители, Неготино (11.006,2/100.000) и Скопје (10.788,5/100.000), а најниска инциденца со 2.980,8 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонска Каменица (Табела 1, Картограм 2).

 

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С.Македонија, 26.02.2020-25.04.2021

 Кумулативна

 

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 75.701 машки и 74.971 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 7.303,4/100.000, а кај женските 7.260,0/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 46,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 38.227 (25,4%) каде е регистриран и највисок специфичен морбидитет од 9.973,4/100.000. Најнизок специфичен морбидитет од 1.262,6 и 2.658,5 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.890 и 6.652 случаи соодветно (Графикон 1).

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=150.672)

 г128.4

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.513) е регистриран на 30.03.2021.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.933) е регистриран на 13-та недела во 2021 година (Графикон 2). По 6 недели на континуирано зголемување, во текот на последните три недели се регистрира намалување на бројот на заболени лица.

Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 25.04.2021 (n=150.672)

 г228.4

 

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клиника за детски болести, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија, ОРЛ, Пластична хирургија, Кардиологија, Урологија, Трауматологија и КАРИЛ, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ и Институтот за физикална терапија и рехабилитација, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 1.423 лица, а од нив 982 се на кислородна поддршка и 57 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

 

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Заклучно со 25.04.2021, со Pfizeir – BioNTech вакцинирани се вкупно 12.703 лица, 8.798 со прва доза, 3.905 со втора доза, со Sputnik V вакцинирани се вкупно 27.454, 22.544 со прва доза, 4.910 со втора доза, со вакцината на AstraZeneca вакцинирани се 21.178 со прва доза и 673 со прва доза Sinopharm. Заклучно со 25.04.2021 вакцинирани се вкупно 53.193 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД19.

 

Податоците кои следат во однос на симптоматологија, коморбидитети, контакти и импортирани случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 04.01.2021.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура

(68,8%),  кашлица  (40,8%),  малаксаност  (40,1%),  ослабеносет  за  мирис  и/или  вкус (27,0%),

главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%)

случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129;81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

 

Регистрирани се 4.714 смртни случаи (Лт = 3,1%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 02.04.2021, 05.04.2021, 06.04.2021и 08.04.2021 година (n=45), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (n=276) (Графикон3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=3.844) каде е регистриран и највисокспецифичен морталитет – 1002,9/100.000 жители. Регистрирани се 2.934 смртни случаи кај лица од машки и 1.780 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 3.465 (73,5% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест(n=2.758), дијабет (n=1.172) и белодробна болест (n=518). Регистрирани се 5 смртни случаи кај бремени жени и 30 смртни случаи кај здравствени работници (заклучно со 25.04.2021). Од пријавените случаи 220 (4,7%) починале во вон болнички услови, а 4.494 (95,3%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3. Дистрибуција на смртнислучаи од COVID-19 во С. Македонија според недела на смрт, до 18.04.2021 (n=4.714)

 г328.4

Од 15.02.2020-25.04.2021 тестирани се вкупно 710.265 материјали (детектирани 150.672 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р.С. Македонија се направени 343.260 тестови на 1.000.000 жители.

 

Табела 2.Вкупен број на тестовинаправени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=710.265)*

т228.4

*9 случаи се тестирани во лаборатории во странство

Според исходот од заболувањето, 16.049лица (10,6%) се активни случаи, 129.909 случаи (86,2%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела3, Графикон4). Од случаите кои се водат како оздравени, 6.166 (4,7%) биле хоспитализирани додека останатите 123.743 (95,3%) биле на домашно лекување.

Графикон4.Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 25.04.2021 (n=150.672)

 г528.4

 

Табела 3. Исход на заболување поградови, Р.С. Македонија (n=150.672)

 

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 7267 57813 1555 66635
Куманово 1111 6962 299 8372
Прилеп 807 6899 392 8098
Тетово 591 6174 275 7040
Битола 1060 4721 253 6034
Велес 570 4608 160 5338
Гостивар 389 4480 211 5080
Кавадарци 403 4530 136 5069
Штип 416 4311 128 4855
Охрид 475 4170 203 4848
Струмица 542 3231 167 3940
Струга 150 2583 179 2912
Кочани 264 2318 95 2677
Кичево 283 2046 94 2423
Гевгелија 277 1823 61 2161
Неготино 198 1884 51 2133
СветиНиколе 122 1320 26 1468
КриваПаланка 64 1080 55 1199
Ресен 206 960 32 1198
Радовиш 119 904 52 1075
Берово 59 908 33 1000
Делчево 93 814 35 942
Дебар 48 836 43 927
Виница 114 639 31 784
Пробиштип 31 710 26 767
Валандово 66 568 19 653
Богданци 63 412 8 483
Крушево 90 349 31 470
ДемирКапија 30 351 11 392
ДемирХисар 60 304 12 376
Кратово 10 327 15 352
МакедонскиБрод 25 315 12 352
Пехчево 20 233 6 259
МакедонскаКаменица 13 210 5 228
Дојран 13 116 3 132
Вкупно 16049 129909 4714 150672

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

 

Репродукцискиот број на заразени од КОВИД 19 (R0) во Р.С. Македонија изнесува 0,79 заклучно со 25.04.2021.

 

Графикон 5. Дневна инциденца на 100.000 жители и R0, COVID-19, Р.С., до 25.04.2021

 г6 28.4

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата се проценува дека:

 

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко – распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

 

За повеќе информации околу рестриктивните мерки може да се информирате на www.vlada.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

1Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19

 

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

  • Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
  • Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
  • Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВОСВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 18.04.2021

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво– 140.332.386 (5.236.922 во последни 7дена,
  • Број на смртнислучаи на глобалнониво3.004.088 (83.305 во последни 7 дена, 8% повеќе во споредба со претходна недела)

14% повеќе во споредба со претходна недела)

 

v  Регион на СЗО Америка

  • Потврдени случаи–59.551.000 (1.525.505 во последни 7дена, 7% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Смртни случаи – 444.736 (39.482 во последни 7 дена, 8% повеќе во споредба со претходна недела)

 

v  Европски регион на СЗО

  • Потврдени случаи – 49.208.464 (1.624.060 во последни 7 дена, 3% помалку во споредба со претходна недела)
  • Смртни случаи – 1.035.294 (26.302 во последни 7 дена, 3% помалку во споредба со претходна недела)

 

v  Регион на СЗО Југоисточна Азија

  • Потврдени случаи – 17.696.534 (518.708 во последни 7 дена, 57% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Смртни случаи – 237.832 (9.447 во последни 7 дена, 49% повеќе во споредба со претходна недела)

 

v  Источно – Медитерански регион на СЗО

  • Потврдени случаи – 8.444.694(386.176 во последни 7 дена, 6% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Смртни случаи – 170.580(5.460 во последни 7 дена, 23% повеќе во споредба со претходна недела)

 

v  Африкански регион на СЗО

  • Потврдени случаи – 3.225.261 (54.297 во последни 7 дена, 7% повеќе во споредба со претходн анедела)
  • Смртни случаи – 80.715 (1.170 во последни 7 дена, 14% повеќе во споредба со претходна недела)

 

v  Регион на СЗО Западен Пацифик

  • Потврдени случаи–2.205.688 (128.176 во последни 7дена, 15% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Смртни случаи – 34.918 (1.444 во последни 7 дена, 8% помалку во споредба со претходна недела)

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗАЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

 

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

 

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

 

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

 

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

 

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

 

 

https://koronavirus.gov.mk

 

 

Скопје, 27.04.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје