СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 14.05.2020
Тестирани се вкупно 460 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 17. Потврдените случаи се од 6 градови (Табела 1).
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 14.05.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Тетово | 6 | 0 |
Скопје | 3 | 1 |
Прилеп | 3 | 0 |
Куманово | 2 | 0 |
Велес | 2 | 1 |
Битола | 1* | 0 |
Вкупно | 17 | 2 |
Од таргетираниот скрининг во градинките од Скопје и Битола регистриран е еден позитивен случај од 225 тестирани вработени. Позитивниот случај е со место на живеење од Битола.
Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 10 женски и 7 машки лица.
Регистрирани се 9 хоспитализирани лица. Кај 10 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 7 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 16 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се два смртни случаи со место на живеење од Велес и Скопје. Случаите се на возраст од 72 и 90 години соодветно. Кај еден од случаите се регистрирани присутни симптоми. Двата случаи биле со коморбидитети и хоспитализирани. Починатите немаат историја на патување надвор од државата, а претходно имале контакт со веќе потврден случај.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 14.05.2020, пријавени се вкупно 1.740 случаи на COVID-19 (I=84,1/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 30 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар, Прилеп и Куманово. Највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет | Леталитет |
Вкупно | 1.740 | 84.1 | 97 | 4.7 | 5.6% |
Скопје | 592 | 95.8 | 19 | 3.1 | 3.2% |
Куманово | 413 | 289.4 | 20 | 14.0 | 4.8% |
Прилеп | 193 | 202.5 | 12 | 12.6 | 6.2% |
Тетово | 131 | 65.6 | 10 | 5.0 | 7.6% |
Велес | 113 | 170.5 | 7 | 10.6 | 6.2% |
Струга | 69 | 101.7 | 14 | 20.6 | 20.3% |
Дебар | 51 | 183.8 | 4 | 14.4 | 7.8% |
Штип | 35 | 66.4 | 2 | 3.8 | 5.7% |
Кочани | 31 | 64.6 | 2 | 4.2 | 6.5% |
Битола | 26 | 25.5 | 2 | 2.0 | 7.7% |
Гостивар | 19 | 15.9 | 2 | 1.7 | 10.5% |
Охрид | 17 | 30.3 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Неготино* | 9 | 38.3 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Крива Паланка | 6 | 25.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кавадарци | 5 | 11.6 | 1 | 2.3 | 20.0% |
Гевгелија | 4 | 11.6 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Радовиш | 4 | 12.3 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Крушево | 3 | 31.5 | 1 | 10.5 | 33.3% |
Пехчево | 3 | 60.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Струмица | 2 | 2.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Пробиштип | 2 | 13.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Македонски Брод | 2 | 17.9 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Виница | 2 | 10.3 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кратово | 2 | 20.9 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кичево | 2 | 3.5 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Демир Хисар | 1 | 11.9 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Берово | 1 | 7.7 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Валандово | 1 | 8.4 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Делчево | 1 | 4.2 | 1 | 4.2 | 100.0% |
*седум лица се жители на Демир Капија
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 289,4 заболени на 100.000 жители, Прилеп (202,5/100.000), Дебар (183,8/100.000), Велес (167,5/100.000) и Струга (101,7/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Штип, Тетово, Кочани, и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 830 машки и 910 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 80,1/100.000, додека кај женските 88,1/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 381 (21,9%) со инциденца од 99,4/100.000, а највисока специфична инциденца од 131,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (366 заболени). Најниска инциденца од 27,1 и 29,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 62 и 74 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.740)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.740)
Од пријавените случаи, 25,3% (n=441) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,2%), кашлица (54,6%), малаксаност (37,7%), треска (19,7%), главоболка (15,1%), болка во грло (14,7%) и отежнато дишење (14,6%).
Кај 567 или 32,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 416 или 73,4% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Во однос на коморбидитети, кај 533 (30,6%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 367 лица имаат кардиоваскуларна болест, 118 дијабет, 92 се со хронична белодробна болест, 22 со хронична бубрежна болест и 76 со други хронични болести.
Од хоспитализираните случаи, кај 232 (52,6%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 245 (14,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Регистрирани се 97 смртни случаи (Лт = 5,6%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=64) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 16,7/100.000 жители. Регистрирани се 65 смртни случаи кај лица од машки и 32 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 72 (74,2%) се регистрирани коморбидитети. Тринаесет (13,4%) од пријавените случаи починале во домашни услови, а останатите 84 (86,6%) починале за време на хоспитализација.
Од вкупниот број на случаи, 96 (5,5%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 1.039 лица (59,7%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 14.05.2020 тестирани се вкупно 20.548 материјали (детектирани 1.740 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 9.931 тест на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=20.548)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни |
ВКУПНО | 20.548 | 1.740 |
ИЈЗ – Вирусологија | 13.728 | 1.405 |
Ветеринарен Факултет (скрининг) | 548 | 38 |
Авицена (скрининг) | 500 | 32 |
Биотек (приватни) | 1.149 | 48 |
Жан Митрев Клиника (приватни) | 3.682 | 162 |
Систина (приватни) | 571 | 22 |
МАНУ | 370 | 33 |
Според исходот од заболувањето, 392 лица (22,5%) се активни случаи, 1.251 случај (71,9%) се водат како оздравени (220 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 233 (18,6%) биле хоспитализирани додека останатите 1.018 (81,4%) биле на домашно лекување.
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=1.740)
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 134 | 439 | 19 | 592 |
Куманово | 43 | 350 | 20 | 413 |
Прилеп | 63 | 118 | 12 | 193 |
Тетово | 68 | 53 | 10 | 131 |
Велес | 49 | 57 | 7 | 113 |
Струга | 6 | 49 | 14 | 69 |
Дебар | 47 | 4 | 51 | |
Штип | 1 | 32 | 2 | 35 |
Кочани | 4 | 25 | 2 | 31 |
Битола | 7 | 17 | 2 | 26 |
Гостивар | 3 | 14 | 2 | 19 |
Охрид | 2 | 15 | 17 | |
Демир Капија | 5 | 2 | 7 | |
Крива Паланка | 2 | 4 | 6 | |
Кавадарци | 4 | 1 | 5 | |
Гевгелија | 4 | 4 | ||
Радовиш | 4 | 4 | ||
Крушево | 2 | 1 | 3 | |
Пехчево | 1 | 2 | 3 | |
Кичево | 2 | 2 | ||
Кратово | 2 | 2 | ||
Пробиштип | 2 | 2 | ||
Виница | 2 | 2 | ||
Македонски Брод | 2 | 2 | ||
Струмица | 2 | 2 | ||
Неготино | 2 | 2 | ||
Берово | 1 | 1 | ||
Валандово | 1 | 1 | ||
Демир Хисар | 1 | 1 | ||
Делчево | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 392 | 1.251 | 97 | 1.740 |
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=1.740)
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
На 12.05.2020 Владата на Република Северна Македонија го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот кој ќе се реализира во три фази (https://vlada.mk/node/21367).
На 53-тата седница на владата одржана на 15.05.2020 е донесено дополнување на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 14.05.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 4.248.389 (77.965 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 292.046 (4.647 нови)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.801.668 (21.352 нови)
- Смртни случаи – 161.413 (1.614 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 1.819.553 (37.989 нови)
- Смртни случаи – 109.121 (2.617 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 805 (9.535 нови)
- Смртни случаи – 389 (130 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 16282 (1.081 нов)
- Смртни случаи – 6.622 (44 нови)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 116.617 (5.685 нови)
- Смртни случаи – 921 (175 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 51.752 (2.323 нови)
- Смртни случаи – 567 (67 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 15.05.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје