СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 17-23.05.2021

Тестирани се вкупно 20.298 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 21,0% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 369 нови позитивни случаи од 27 градови во државата со намалување од 45,3% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 0,5% до 3,1%, просечно 1,8%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=182; 49,3%), со неделна инциденца – 29,5/100.000. Највисока неделна инциденца од 73,2/100.000 е регистрирана во Кратово (Табела 1, Картограм 1).

Картограм 1.     Инциденца  на 100.000 жители, COVID-19, 17-23.05.2021, Р.С Македонија

неделна (1)

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=145, 39,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=64; 17,3%), 40-49 (n=61; 16,5%), 50-59  (n=53; 14,4%) и 20-29 (n=22; 6,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=10; 2,7%) и 10-19 години (n=14; 3,8%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи освен кај децата од 0-9 години. Најголемо процентуално намалување се регистрира кај лицата на возраст од 20-29 години (-60,7%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 196 (53,1%) лица од женски и 173 (46,9%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнало 921 лице кое биле хоспитализирано или на домашно лекување, со намалување од 65,2% во споредба со минатата недела.

 

Пријавени се 37 смртни случаи од 21 град, 43,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 31 лице биле над 60 години, 4 лица на возраст од 50-59 години и 2 лица на возраст од 40-49 години.

 

 

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 23.05.2021, пријавени се вкупно 155.067 случај на COVID-19 (I=7.494,2/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Битола, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид, Кавадарци и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево, Струга, Радовиш и Прилеп (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 23.05.2021

t1255

 

Се забележува намалување во сите градови во државата, освен во Кратово. R0 се движи од 0,32 (Штип) до 1,32 (Демир Капија) (Табела 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 11.967,3 на 100.000 жители, Неготино (11.259,0/100.000) и Скопје (11.076,2/100.000), а најниска инциденца со 3.197,3 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

кумулативна (1)

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 77.717 машки и 77.350 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 7.497,9/100.000, а кај женските 7.490,4/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 46,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 39.895 (25,7%) каде што се регистрира и највисок специфичен морбидитет од 10.408,6/100.000. Најнизок специфичен морбидитет од 1.295,0 и 2.732,5 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.964 и 6.837 случаи соодветно (Графикон 1).

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=155.067)

 

g1 255

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.513) е регистриран на 30.03.2021.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.927) е регистриран на 13-та недела во 2021 година (Графикон 2). По 13-тата недела, 7 последователни недели се забележува континуирано намалување на бројот на заболени.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 23.05.2021 (n=155.067)

g2255

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клиника за детски болести, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија, ОРЛ, Пластична хирургија, Кардиологија, Трауматологија и КАРИЛ, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ и Институтот за физикална терапија и рехабилитација, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 324 лица (намалување од 34,9%), а од нив 196 се на кислородна поддршка и 11 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 04.01.2021 oд случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%).

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%). Кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Импортирани се 1.029 (1,4%) случаи, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Регистрирани се 5.329 смртни случаи (Лт = 3,4%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 08.04.2021 година (n=49), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (n=293) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=4.382) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.143,3/100.000 жители. Регистрирани се 3.308 смртни случаи кај лица од машки и 2.021 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 3.938 (73,9% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.144), дијабет (n=1.333) и белодробна болест (n=590). Регистрирани се 6 смртни случаи кај бремени жени и 30 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 300 (5,6%) починале во вонболнички услови, а 5.029 (94,4%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според недела на смрт, до 23.05.2021 (n=5.329)

g3255

Од 15.02.2020-09.05.2021 тестирани се вкупно 778.092 материјали (детектирани 155.067 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите/здравствените установи во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 376.040 тестови на 1.000.000 жители.

 

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=778.092)*

t2255

*9 случаи се тестирани во лаборатории во странство

Според исходот од заболувањето, 2.798 лица (1,8%) се активни случаи, 146.940 случај (94,8%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 3, Графикон 4). Од случаите кои се водат како оздравени, 6.556 (4,5%) биле хоспитализирани додека останатите 140.384 (95,5%) биле на домашно лекување.

Табела 3. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=155.067)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 1129 65525 1758 68412
Куманово 257 8207 341 8805
Прилеп 122 7739 422 8283
Тетово 104 6784 319 7207
Битола 183 5806 297 6286
Велес 69 5222 176 5467
Гостивар 45 4878 241 5164
Кавадарци 38 4961 151 5150
Охрид 186 4584 224 4994
Штип 50 4763 143 4956
Струмица 77 3827 202 4106
Струга 65 2721 193 2979
Кочани 47 2619 119 2785
Кичево 74 2371 105 2550
Гевгелија 24 2095 70 2189
Неготино 21 2102 59 2182
Свети Николе 35 1457 30 1522
Ресен 33 1162 38 1233
Крива Паланка 7 1155 57 1219
Радовиш 57 1034 59 1150
Берово 4 984 39 1027
Делчево 25 908 38 971
Дебар 5 889 45 939
Виница 47 795 39 881
Пробиштип 11 749 29 789
Валандово 4 640 21 665
Богданци 4 478 12 494
Крушево 22 435 32 489
Демир Хисар 18 365 14 397
Демир Капија 385 11 396
Кратово 20 338 15 373
Македонски Брод 2 343 13 358
Пехчево 1 261 6 268
Македонска Каменица 12 229 8 249
Дојран 129 3 132
ВКУПНО 2.798 146.940 5.329 155.067

Графикон 4.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 23.05.2021 (n=155.067)

g4255

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ COVID-19

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19.

Заклучно со 22.05.2021, аплицирани се

  • 51.226 дози на Pfizer/Biontech (35.637 со прва доза и 15.589 со втора доза),
  • 45.099 дози на Sputnik V (22.874 со прва доза и 22.225 со втора доза),
  • 29.146 дози на AstraZeneca и
  • 134.106 дози Sinopharm (101 со прва доза и 1.005 со втора доза).

Заклучно со 22.05.2021 вакцинирани се вкупно 220.758 лице со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 38.819 лица.

Согласно податоците добиени од Управата за електронско здравство, регистрирани се 664 позитивни лица по примена вакцина против COVID-19. Од нив, 456 (68,7) се потврдени како позитивни во првите 14 дена од датумот на вакцинација, што укажува на фактот дека најверојатно истите биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината.

Од 664-те лица, 75 биле хоспитализирани.

Регистрирани се 22 починати лица по примена вакцина против COVID-19. Од нив, 17 (77,3) се во првите 14 дена од датумот на вакцинација, односно се дел од лицата кои најверојатно биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината.

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

Репродукцискиот број на заразени од COVID-19 (R0) во Р. С. Македонија изнесува 0,72 заклучно со 23.05.2021.

Графикон 5. Дневна инциденца на 100.000 жители и R0, COVID-19, Р.С.M, до 23.05.2021

g5255

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија со детектирани поединечни кластери), подниво 2, со соодветни капацитети за одговор.

 

За повеќе информации околу рестриктивните мерки може да се информирате на www.vlada.mk

 

 

 

 

 

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

На оваа проценета фаза и подниво, треба да се применат мерки за ограничување на бројот на социјални средби во заедницата, но и да се обезбеди работа на економските капацитети со воспоставени безбедносни мерки. Може да биде потребен поширок опсег на јавно-здравствени мерки за контрола на трансмисијата.

 

Покрај мерките за подготвеност и одговор и надзор на итни случаи, индивидуалните мерки на претпазливост и комуникација, јавно-здравствените власти можат да размислат за спроведување на следниве мерки:

 

  • Образовните институции да бидат отворени со воспоставени мерки за спречување и контрола на инфекции.
  • Економските капацитети да бидат отворени со воспоставени мерки за спречување и контрола на инфекции, со акцент на охрабрување на е-работа на сите оние кои имаат можност за истата.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Ограничете ја големината на социјалните и другите масовни собири.
  • Доколку е потребно, може да биде потребен понатамошен акцент на заштита на најранливите категории, преку строга примена на мерките за спречување и контрола на инфекции, засилен надзор и контрола на посети во установи за долготрајна нега и други здравствени објекти.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 16.05.2021

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво162.184.263 (4.809.520 во последни 7 дена,

12% помалку во споредба со претходна недела)

  • Број на смртни случаи на глобално ниво3.364.446 (85.975 во последни 7 дена, 5% повеќе во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 6757.485 (1.201.726 во последни 7 дена, 3% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 1.583.343 (31.439 во последни 7 дена, 7% помалку во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 53.565.774 (684.903 во последни 7 дена, 26% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 1.121.477 (16.255 во последни 7 дена, 16% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 28.082.564 (2.529.924 во последни 7 дена, 12% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 078 (30.881 во последни 7 дена, 7% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 9.648.410 (220.035 во последни 7 дена, 22% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 193.761 (4.709 во последни 7 дена, 16% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 3.399.382 (40.175 во последни 7 дена, 4% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 84.844 (940 во последни 7 дена, 9% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 2.729.890 (132.757 во последни 7 дена, 4% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 40.930 (1.751 во последни 7 дена, 4% повеќе во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

https://koronavirus.gov.mk

 

Скопје, 24.05.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје

[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19