Во текот на 41-ва недела од 2019 година (од 07.10.2019 – 13.10.2019), во Република Северна Македонија пријавени се 13 (I=0,6/100.000) нови случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип. Регистрирано е зголемување на бројот на заболени во однос на во минатата недела (n=4).

Во споредба со бројот на регистрирани случаи во 41-ва недела од минатата сезона (n=16), се бележи намалување од 18,8%, исто како и во споредба со типичната сезонска крива (n=31) каде намалувањето е 57,6%.

Во сезоната 2019/2020 вкупниот број на заболени од грип изнесува 17 (I=0,8/100.000), што е за 10,5% помалку во споредба со истиот период минатата година кога биле регистрирани 19 заболени лица (I=0,9/100.000).

Во оваа недела, пријавени се заболени лица од 6 извештајни единици. Најголем број на заболени се регистрирани во ЦЈЗ Тетово – 7 заболени лица.

Највисока инциденца се бележи во ЦЈЗ Штип од 5,7/100.000 жители, а најниска во ЦЈЗ Скопје (0,3/100.000).

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 7 случаи (41,2%), а највисока инциденца (2,6/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 и 5-14 години.

Од почетокот на сезоната 2019/2020, заклучно со 41-ва недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ се пристигнати 4 материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, сите со негативен резултат.

 

 Вакцинација против грип

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО):

  • бремени жени, во било кој стадиум од бременоста
  • деца на возраст од 6 месеци до 5 години
  • постари лица на возраст од 65 години и повеќе,
  • лицата со хронични медицински состојби – хронични заболувања и состојби на намален имунитет
  • здравствени работници.

 

Сите заинтересирани лица да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 40 – та недела 2019 година, активноста на вирусот на грип е на ниско сезонско ниво низ Европскиот регион. Инфлуенца вирусите се детектираат спорадично кај пациенти со респираторно заболување, а изолирани се типовите Influenza A и Influenza B. Од сентинел надзорот 4% од тестираните се позитивни за присуство на инфлуенца вирусите: 8 Inluenza B (7 Inluenza B Victoria) и еден Influenza A.

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје