Пат

  • Научете како да го користите безбедносното детско седиште правилно
  • Научете ги вашите деца да возат велосипед на десната страна од патот во сообраќај, и да користат соодветни сигнали со рака.
  •  Проверете дали вашето дете има кацига, и преземете ги безбедносните мерки дали му е соодветна и правилно ставена
  • Ставете светла или рефлектирачка опрема  на велосипед на вашето дете за да да биде видливо на возачите во темница
  • Ставете мачкино око на ранецот и палтото на вашето дете. Носење на облека со светли бои и рефлектирачка опрема ќе ги направи повидливи за возачите, доколку одат пеш
  • Одете пеш со вашето дете кон училиште за да се практикува преминувањето улица и бидете сигурни дека нивниот пат е безбеден
  • Научете ги децата да погледнуваат лево, па десно и повторно лево, пред преминувањето на улица.
  • Потсетете ги дека треба да продолжат да гледаат се’ до безбедното преминување на другата страна
  • Проверете дали безбедносното седиште на вашето дете одговара со возраста, тежината, висината и развојот општо
  • Исклучете ги телефоните,слушалките и уредите при преминување на улица.
  • Потрошете 5 минути да му објасните на вашето дете, како да се избегне удар од автомобил.
  • Разговарајте со вашиот тинејџер за ставање на сигурносен појас при секое возење, секогаш, во секој автомобил и со секој возач.

Игра

  • Осигурајте се дека вашиот млад спортист има шише со вода на вежби и игри. На секои 20 минути игра, млад спортист треба да пие околу 10 голтки вода.
  • Научете ги знаците и симптомите на потрес на мозокот и поттикнувајте ги спортистите да зборуваат, доколку се повредени
  • Прегледајте го спортскиот распоред на вашето дете за оваа година. Осигурајте се дека тие имаат најмалку еден или два слободни дена секоја недела заради спорт и два месеци пауза меѓу сезоните.
  • Научете  каде стои дефибрилаторот во местото каде што вашето дете вежба
  • Осигурајте се дека тренерот на вашето дете ги има сите информации за итни случаи.
  • Проверете дали игралиштата каде што вашите деца си играат имаат шок-апсорбирачки површини. Гума, синтетички тревник, песок, чакал, дрво или прекривка се најбезбедните опции. Исто така, во поглед побарајте ги опасностите, како што се ‘рѓосана или скршена опрема. Сигнализирајте им на училиштата или на локалните паркови доколку игралиштето е небезбедно.

Дома

  • Поставете го бојлерот на соодветна температура за да не се прегрее
  • Осигурајте се дека имате и аларм за чад и за јаглерод моноксид на секој кат во вашиот дом, и во сите места за спиење. Тестирајте ги алармите за да бидете сигурни дека работат.
  • Ставете ги сите лекови и витамини далеку од дофатот на деца, дури и лековите што ги земате секој ден.
  • Направете план за евакуација со вашето семејство. Важно е да се знаат два начини за излез од секоја соба.
  • Добар душек и соодветен чаршаф се се’ што треба за креветчето на бебето. Отстранете ги ќебињата и играчките.
  • Научете да давате вештачко дишење. Тоа може да ви помогне да се спаси животот на детето во итен случај.
  • Ситнете ја храната за мали деца на парчиња. Избегнувајте да им давате на деца до 4 години храна, како што е грозје, хот дог, пуканки или парчиња сирење.
  • Чувајте ги каблите и жиците, вклучувајќи ги и оние од ролетни, надвор од дофатот на вашето дете.
  • Научете ги вашите деца за безбедност при пливањето. Секое дете е различно, па запишете ги децата на часови по пливање кога ќе се чувствуваат подготвени за тоа.
  • Прицврстете ги добро рачките на безбедната ограда за деца, на врвот и ан дното на скалите
  • Правилно наместете го заштитниот држач на прозорите за да се спречи паѓање од прозороец
  • Поставете го креветчето на бебето подалеку од прозорци и ролетни. Вашето бебе е побезбедно без жици на дофат на рака
  • Испечатете го распоредот на земање лекови и залепете го на фрижидерот. Напишете јасни инструкции кои лекови треба да им се дадат на децата, кога треба да им се дадат и колку.
  • Чувајте ги сите производи за чистење во домаќинството, течни детергенти, пакети и хемикалии во нивните оригинални пакувања и држете ги надвор од дофатот на децата.
  • Научете го Хајмлиховиот зафат, за да можете да реагирате брзо ако вашето дете се задушува.
  • Чувајте го затворен тоалетниот капак ако имате мали деца во домот.
  • Закачете го со држач на ѕид рамниот ТВ екран. Телевизорите  со кутија поставете ги на ниски, стабилна парчиња мебел.