Светски ден на водата 2015 – Водата и одржливиот развој
На човештвото му е потребна вода
Капката вода е флексибилна. Капката вода е моќна. Капката вода е во побарувачка.
Водата е во оснoва на одржливиот развој. Водните ресурси, и опсегот на услугите што ги нудат, поткрепуваат намалување на сиромаштијата, економски раст и одржливост на животната средина. Од безбедност на храната и енергијата до здравје на луѓето и животната средина, водата придонесува за подобрување на социјалната благосостојба и инклузивниот раст, кои влијаат на животот на милијарди луѓе.
Водата е здравје
Чисти раце можaт да Ви го спасат животот Водата е од суштинско значење за здравјето на луѓето. Човечкото тело може да трае со недели без храна, но само неколку дена без вода. Водата е од суштинско значење за нашиот опстанок. Редовното миење на рацете, е на пример еден од најдобрите начини да се отстранат бактериите, да се избегне разболување, и да се спречи ширењето на бактериите на другите. До еден трилион бактерии можат да живеат во еден грам на измет. Човечкото тело, во просек е направено од 50-65% вода. Бебињата имаат највисок процент на вода; новороденчиња имаат 78% вода. Секој ден, на секој човек му е потребно пристап до вода за пиење, готвење и лична хигиена. Водата е од суштинско значење за санитарни простории кои не го загрозуваат здравјето и дигнитетот. Светската здравствена организација препорачува 7,5 литри на жител дневно ќе ги исполни барањата на повеќето луѓе во повеќето услови. А поголема количина од околу 20 литри на жител дневно ќе се грижи за основните хигиенски потреби и основната хигиена на храната. И покрај импресивните придобивки направени во текот на последната деценија, 748 милиони луѓе немаат пристап до подобрени извори на вода за пиење и 2,5 милијарди не користат подобрен санитарен објект. Инвестициите во вода за пиење и санитарни услуги резултираат со значителни економски придобивки. Враќањето на инвестицијата за постигнување на универзален пристап до подобрени санитарни услови се проценува на 5,5 спрема 1, а за универзален пристап до подобрени извори на вода за пиење соодносот е проценет на 2 до 1. За да се покрие секој човек во светот со безбедна вода за пиење и санитација се проценува дека чини 107.000.000.000 $ годишно во период од пет години.
Водата е природа
Екосистемите се наоѓаат во срцето на глобалниот воден циклус Екосистемите – вклучувајќи, на пример, шуми, мочуришта и тревни површини – се наоѓаат во срцето на глобалниот циклус на водата. Сите слатки води во крајна линија зависат од континуираното здраво функционирање на екосистемите, и признавањето на циклусот на водата е од суштинско значење за постигнување на одржливо управување со водите. Сепак, повеќето економски модели не ги вреднуваат основните услуги обезбедени од страна на слатководните екосистеми. Ова води кон неодржливо користење на водните ресурси и деградација на екосистемите. На пример, реката Okavango во Африка е еден од последните ненарушени екосистеми на земјата. Загадувањето од нетретираните станбени и индустриски отпадни води и земјоделски испуштања, исто така, ја слабее способноста на екосистемот за давање услуги поврзани со водата. Постои потреба да се сврти кон еколошки одржливи економски политики во кои се води сметка за интерконекција помеѓу еколошките системи. Еден предизвик е да се задржи корисна мешавина помеѓу изградената и природната инфраструктура и обезбедување на нивните услуги. Економските аргументи може да направат зачувување на екосистемите релевантни за донесување на одлуки и планови. Вреднувањето на екосистемите покажува дека придобивките далеку ги надминуваат трошоците за инвестиции поврзани со водата во зачувување на екосистемот. Вреднувањето е исто така важно во оценувањето на размени во зачувување на екосистемот, и може да се користи за подобро информирање на плановите за развој. Усвојување на “екосистем-базиран менаџмент” е клучот за обезбедување на долгорочна одржливост на водата.
Водата е урбанизација
Секоја недела, еден милион луѓе одат во градовите Денес, еден од двајца луѓе на планетава живеат во град. И градовите во светот растат со исклучителна стапка – 4 лица се преселиле во градовите за времето кое Ви беше потребно да ја прочитате реченицата. 93% од урбанизацијата се случува во сиромашните или земјите во развој, а речиси 40% од урбаната експанзија во светот е во пораст во сиромашните квартови. Проекциите покажуваат дека уште 2,5 милијарди луѓе ќе се преселат во урбаните центри до 2050 година. Извештајот од 2014 година за “Светски урбанистички очекувања” од страна на Одделот за население на ОН DESA забележува дека најголемиот урбан раст ќе се случи во Индија, Кина и Нигерија. “Управувањето со урбаните средини стана една од најважните развојни предизвици на 21 век. Нашиот успех или неуспех во градење на одржливи градови ќе биде главен фактор во успехот на пост-2015 развојната агенда на ОН”, изјави Џон Wilmoth, директор на Одделот за население DESA на ОН. Илјадници километри на цевки ја сочинуваат водоводната инфраструктура на секој град. Многу застарените системи повеќе ја трошат слатката вода (губитоци на водата за пиење од водоводната мрежа) отколку што ја испорачуваат. Во многу брзо растечки градови (мали и средни градови со население помалку од 500.000), инфраструктурата за одведување на отпадните води е непостоечка, несоодветна или застарена.
Водата е индустрија
Повеќе вода е потрошена за производство на автомобил одколку да се наполни базен за пливање Секој произведен производ бара вода. Некои индустрии имаат поголема побарувачка на вода од други. 10 литри вода се користат за да се направи еден лист хартија, 91 литри се користат за да се направи 500 грама на пластика. Индустријализацијата може да доведе до развој преку зголемување на продуктивноста, работни места и приходи. Тоа може да обезбеди можности за родова еднаквост и вработување на младите. Сепак, приоритет на индустријата е да се зголеми производството, отколку ефикасноста на водоснабдувањето и зачувувањето на водата. Глобалната побарувачка на вода за производство се очекува да се зголеми за 400% од 2000-2050 година, што е многу поголемо од другите сектори. Главното зголемување ќе биде во новите економии и земјите во развој. Многу големи компании имаат направено значителен напредок во оценување и намалување на нивната употреба на вода и на нивните ланци на снабдување. Малите и средни претпријатија (МСП) се соочуваат со слични предизвици во однос на водата но во помал обем. Бизнис случајот за ефикасност на водата често бара финансиска трампа. Инвестициите во ефикасна пречистителна технологија или процеси на ладење може да имаат подолг период на враќање, одколку моменталните враќања на алтернативните краткорочни инвестиции во производството. Технологијата и интелигентното планирање ја намалуваат употребата на вода и можат да го подобрат квалитетот на отпадната вода. Некои прогресивни текстилни производители имаат воведено технологија со која се овозможува водата што доаѓа од технолошкиот процес да е чиста или почиста од водата која доаѓа од градската вода за пиење. Големите компании за пијалоци, исто така, ја подобруваат нивната ефикасност во користењето на водата и во текот на изминатите 10 години ја имаат значително намалено потрошувачката на водата која се користи во нивните производствени погони.
Водата е енергија
Водата и енергијата се нераздвојни пријатели
Водата и енергијата се природни партнери. Водата е потребна за да ја генерира енергијата. Енергијата е потребна за да ја обезбеди водата.
Денес повеќе од 80% од производството на електричната енергија се добива од топлинска енергија. Водата се загрева за да создаде пареа за да ги покрене електричните генератори. Милијарда галони вода се исто така потребни за ладење. Ова бара лимитирана изградба и користење на најмалку ефикасните термоелектрани кои работат на јаглен. Светската хидроенергија се смета за 16% од глобалната електрична продукција – очекуваните 3700 главни брани можат и повеќе од двојно да го дуплираат вкупниот електричен капацитет на хидроенергија во следните две декади.
Новото производство на енергија треба да употребува широко адаптирано суво-ладење, или високо ефикасни технологии на ладење со затворен циклус. Употребувајќи алтернативни водени извори, како што се море или отпадни води, нуди голем потенцијал за редуцирање на притисокот на слатководните ресурси.
Обновливите извори на енергија доаѓаат од извори кои природно се обновуваат како што се сончева светлина, ветер, дожд, плима и осека, бранови и геотермална топлина. За ова не се потребни големи количини на слатка вода. Сепак според денешната стапка на усвојување, обновливата енергија ќе остане маргинална на глобално ниво.
За производство на два стека потребни се 15.000 литри на вода
Секој Американец употребува 7.500 литри вода дневно – главно за храна. Неефикасната употреба на вода може да значи дека 100 литри се потребни за производство на една калорија. Наводнувањето зазема до 90% од абстракцијата на водата во некои развиени земји. Глобално, земјоделието е најголемиот потрошувач на вода, сметајќи за 70% од вкупната абстракција на водата.
До 2050 година, земјоделието ќе мора да произведе 60% повеќе храна глобално, и 100% повеќе во земјите во развој.
Економскиот раст и индивидуалната благосостојба влијаат на менување на навиките на исхрана од предоминантно диети базирани на скроб, на диети базирани на месо и млечни производи, кои бараат повеќе вода. На пример, производството на 1 килограм ориз бара околу 3.500 литри вода, додека за 1 килограм говедско месо потребни се 15.000 литри. Менувањето на навиките на исхрана има најголемо влијание на потрошувачката на вода во последните 30 години, и најверојатно ќе продолжи во средината на 21 век.
Моментално растечките стапки на барања во земјоделството за светските слатководни извори се неодржливи. Неефикасната употреба на водата за полјоделството водоносно ги осиромашува, ги намалува речните текови, ја деградира флората и фауната, и може да предизвика салинизација на 20% од глобално наводнуваната земјена површина. За да се зголеми ефикасноста на употребата на водата, земјоделството може да ги редуцира загубите на вода и многу поважно, мора да ја зголеми продуктивноста во полјоделството со почит кон водата.
Со зголемување на интензивното земјоделие, загадувањето на водата може да се влоши. Искуствата од земјите со високи приходи покажуваат дека комбинација на иницијативи, вклучувајќи построго законодавство, спроведување и добро-таргетирани субвенции, може да помогне да се намали загадувањето на водата.
Водата е еднаквост
Секој ден жените поминуваат 200 милиони часови носејќи вода
Во земјите во развој одговорноста за собирање вода секој ден паѓа диспропорционално на жените и девојчињата. Просечните жени во овие региони поминуваат 25 проценти од нивниот ден за собирање вода за нивните семејства. Ова не е време поминато работејќи како работа со приходи, грижа за семејството или одење на училиште. Инвестициите во вода за пиење и санитација покажуваат значителни економски придобивки. Секој долар инвестиран покажува враќање меѓу 5 и 28 $.
Климатските промени негативно влијаaт на изворите на слатка вода. Тековните проекции покажуваат дека ризиците поврзани со слатките води се зголемени значително со зголемување на емисиите на стакленичките гасови, влошувајќи ја конкуренцијата за вода меѓу сите употреби и употребувачи, кои влијаат врз регионалните безбедности за вода, енергија и храна. Комбинирано со зголемените побарувањата за вода, ова ќе креира огромни предизвици за менаџирање со изворите на вода.
Природните опасности се неизбежни но многу може да се направи за да се редуцира високиот број на смртни случаи и жртви од уништувањето. Несоодветните човекови активности може и да креираат и да го забрзаат влијанието од катастрофите поврзани со водата. Овие закани од водата се зголемуваат со климатските промени и човековите активности, на северот и југот од нашата планета, од исток до запад. Но, со подготвеност и планирање, жртвите и деструкциите може да се намалат. Глобалната заедница се обврза себеси на принципи на кохерентна превенција и одговор на катастрофите. Сега има потреба од конкретни и значајни промени за ова да се реализира.
|
Од Извештајот за вода за пиење за 2014 година година е регистрирано дека 1.301.646 жители т.е 63,1% од популацијата во Републиката се снабдува со вода за пиење од централни водоснабдителни системи, управувани од јавни комунални претпријатија кои ги исполнуваат законските обврски во однос на обезбедување и контрола на здравствената исправност на водата за пиење (Извештај за вода за пиење за 2014 година. Институт за јавно здравје на РМ; 2015). Останатите се снабдуваат на следните начини:
- 422 жители (10,34%) се приклучени на градски водоводи.
- 471 жители (22,7%) во селските населби се снабдуваат од локални јавни водоснабдителни системи, со кои не стопанисува секогаш јавно претпријатие (во најголем број на овие објекти водата не се дезинфицира, а доколку и се врши вообичаено со хлорни препарати, тоа се врши нерамномерно и нередовно).
- 703 жители (3,86%) се снабдуваат со вода за пиење од локални водоснабдителни објекти (јавни чешми, бунари, извори, пумпи и други индивидуални водоснабдителни објекти).
Пристапот до безбедна вода за пиење изнесува 97% и ја категоризира Република Македонија во групата земји во светот со многу висок пристап, што не ја намалува заложбата на земјата да го подобри пристапот до безбедна вода за пиење до 98% во 2020 година.
Безбедноста на водата за пиење од градските водоводи во Република Македонија е на многу високо ниво (Графикон 1).
Графикон бр. 1 Структура на здравствената исправност на примероците вода за пиење од градските водоводи во Република Македонија за период од 2002-2014 година