logo_web1 pusenje logo

Почитувани,

Институт за јавно здравје на Република Македонија ВЕ ПОКАНУВА, на конференција за печат по повод одбележување на Светскиот ден против употреба на тутун – 31 мај.

Оваа година, Светскиот ден против употреба на тутун е посветен на потребата од стандардизација на пакувањето на цигарите и донесување соодветна законска регулатива, а мотото е “Подгответе се за унифицирано пакување”.

Конференцијата за печат ќе се одржи на 30.05.2016 година со почеток во 11 часот во просториите на Институт за јавно здравје (Горна сала).

Претставници на Министерството за здрaвство, Институтот за јавно здравје  и Центарот за јавно здравје-Битола, ќе информираат за активностите по повод Светскиот ден против употреба на тутун, но исто така  ќе бидат презентирани и статистички податоци за застапеноста на пушењето и влијанието на рекламите, изгледот на пакувањето на тутунските производи и спонзорството врз младите во Р.Македонија. Податоците се добиени од Студијата за однесување на младите кон здравјето 2014/2015, Студијата ЕSPAD  за употреба на психоактивни супстанци од деца на 16 годишна возраст, спроведена во 2015 година и други.

Со почит,

Институт за јавно здравје